Дик Адвокат ќе го спасува Сандерленд од испаѓање

Дик Адвокат, холандскиот стручњак кој до пред извесно време седеше на клупата на српската репрезентација, е нов менаџер на Сандерленд.

По убедливиот пораз од Астон Вила со 4:0, раководството на клубот реши да се раздели со досегашниот менаџер Густаво Појет и да го назначи Адвокат за нов.

Сандерленд е на 17. место во Премиер лигата со 26 бода, бод повеќе од Барнли кој се наоѓа во зоната на испаѓање.

Дик Адвокат во текот на својата кариера водел голем број клубови меѓу кои и Зенит, ПСВ, АЗ Алкмар, Борусија Мехенгладбах, а беше селектор и на Холандија и на Србија.