ДИК: До денеска пријавени вкупно 257 спорни гласачи

Денеска до 13 часот, преку еден од начините за пријавување на граѓаните чии што записи во Избирачкиот список по извршените вкрстени и теренски проверки се спорни записи, односно за кои има несовпаѓање на податоците за граѓаните предмет на проверки во Избирачкиот список, се пријавиле вкупно 257 граѓани, информираат од ДИК.

Од нив 31 лице се пријавиле во подрачните одделенија и канцеларии или во дополнителните канцеларии на Државната изборна комисија, додека 226 граѓани пријавувањето го оствариле преку веб апликацијата на Државната изборна комисија.

Од вкупно пријавените 257 граѓани, најмногу односно 46 се пријавиле во Чаир, 36 во Аеродром, 25 во Центар, во Карпош 20, во Кичево 14, во Гази Баба, Кисела Вода и Куманово по 11 лица, во Гостивар 12 лица..

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.