ДИК дополнително ќе го разгледува извештајот од вкрстувањето на податоците

Седница на Државната изборна комисија

ДИК дополнително ќе го разгледува извештајот од вкрстувањето на податоците.

Оттаму информираат дека по првичното разгледување на извештајот од спроведувањето на вкрстените проверки на базите на податоци од релевантните институции, одлучи да спроведе дополнителни контролни тестови на дел од прашањата опфатени со проверките.

Веднаш по завршувањето на дополнителните контролни тестови, Државната изборна комисија ќе закаже седница за усвојување на извештајот од вкрстените проверки.