ДИК е известена за распишувањето на локалните избори

Државната изборна комисија (ДИК) соопшти дека е известена за потпишаното Решение за распишување на локалните избори од страна на Талат Џафери и дека очекува документот да и биде доставен и да биде објавен во Службен весник на Република Македонија.

„По објавувањето на Актот за распишување на локалните избори во Службен весник , Државната изборна комисија ќе одржи седница на која ќе биде усвоен Календар – роковник со кој ќе бидат утврдени изборните активности и роковите за нивно спроведување, по што ќе започне спроведувањето на локалните изборите“, соопштија од ДИК.

Во соопштението се наведува дека навремено ќе информираат за преземањето на сите активности поврзани со организирањето и спроведувањето на изборите.