четврток, 25 мај 2017  |  Вести денес: 37

ДИК: Гласањето се одвива во мирна и фер атмосфера

Според портпаролката на ДИК Љупка Гугучевска, до ДИК се поднесени 20-ина приговори, а досега разгледаните се од граѓани кои се пожалиле дека ги немало на Избирачкиот список.

dik-cicakovski-640x294

Последни вести

о 13 часот одѕивот од гласањето на денешните предвремени парламентарни избори е 34,86 проценти од обработени 3.300 од вкупно 3.524 избирачки места, соопшти на прес-конференција претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Чичаковски.

На гласање до 13 часот излегле 581.899  од вкупно запишаните 1.784.416 граѓани во Избирачкиот список.  Излезноста во првата Изборна единица е  38,35 проценти, во ИЕ 2 е  33,67 проценти, во ИЕ 3 е 38,67 проценти, во ИЕ 4 е  39,13 проценти, во ИЕ 5  е  33,55 проценти, а во ИЕ 6 одѕивот е  23,85  проценти.

– ДИК нема официјални сознанија и информациин за нарушувања на изборниот процес и гласањето се одвива во мирна и фер атмосфера, без неправилности, рече Чичаковски.

Според  портпаролката на ДИК Љупка Гугучевска, до ДИК се  поднесени 20-ина приговори, а  досега разгледаните се од граѓани кои се пожалиле дека ги немало на Избирачкиот список. Од досега разгледаните приговори е утврдено дека овие граѓани биле на списокот со спорни гласачи и не поднеле  барање за пријавување во предвидениот рок, појасни Гугучевска.

Излезноста во 10 часот од денешните избори изнесуваше 9,49 проценти.

Најчитани вести