среда, 24 мај 2017  |  Вести денес: 42

ДИК го достави избирачкиот список до партиите

Намалување на бројот на избирачи има во првата и втората изборна единица, а речиси 8.000 гласачи помалку има во изборните единици во Скопје и Куманово.

дик

Поврзани вести

За изборите договорени за 11 декември право на глас ќе имаат 1.770.736 граѓани или 9.392 гласачи помалку од парламентарните избори во 2014 година, соопшти Државната изборна комисија.

Намалување на бројот на избирачи има во првата и втората изборна единица, а речиси 8.000 гласачи помалку има во изборните единици во Скопје и Куманово.

Државната изборна комисија соопшти дека избирачкиот список го доставила до сите политички партии на 30 август.

Списокот официјално се’ уште не е затворен.

Јавен увид во списокот ќе биде можен од 27 октомври до 16 ноември.

Според неофицијалниот предизборен календар собранието се распушта на 12 октомври, а кампањата почнува на 21 ноември.

Листите со кандидати за пратеници треба ДИК да ги објави во дневен печат на 18 ноември.

Најчитани вести