ДИК го одби и четвртиот приговор на БЕСА

Со девет гласа против е одбиен приговорот на Беса во гласачко место во село Орланце, заради тоа што немало забелешка во записниците и нема приложен соодветен доказ.

Најчести забелешки од БЕСА се дека имло фамилијарно и групно гласање, се вршело пртисок, агитирање на глсачите, во избрачките места шетале неовластени лица, бројките на избирачките материјали не биле јасно видливи… Сепак, забелешка за тоа не ствиле на денот на изборите бидејќи наводно не им било дозволено од избирачките одбори. Но, како што кажа нивниот претставник, цело време неправилностите ги пријавувале во кол центарот на ДИК.

Мнозинството членови на ДИК денеска се изјаснија дека доколку нема забелешки во записникот на избирачките одбори за процесот на гласање и подоцна за сумирање на гласовите, таквите прговори се без основ и не треба да се земат предвид.

„За“ приговорите на БЕСА досега гласаа само членовите на ДИК од СДСМ.

ДИК објви пауза за ручек.