Македонија,Политика

ДИК го потврди легитимитетот на изборите

ДИК го потврди легитимитетот на изборите

Државната изборна комисија  едногласно го изгласа извештајот за спроведените парламентарни и претседателски избори. Членовите предложени од СДСМ на чело со претседателот Никола Рилковски, исто така го подржаа извештајот со кој се констатира изборот на 123 пратеници, вклучително и пратеничките места добиени од СДСМ

Со ова ДИК го потврди легитимететот на спроведените избори што и беше заедничка оценка на меѓународниот фактор пред се’ ОБСЕ/ОДИХР и САД.
Наспроти ова, партискиот портпарол на СДСМ  уште еднаш на својот ФБ профил ја потврди одлуката на централниот одбор на СДСМ за враќање на мандатите цинично пишувајки дека мандатите им ги враќаат на  граѓаните, всусност од оние кои и ги добија на овие избори, пишувајки во продолжение дека со тоа демократијата ја покажала својата убавина. На овој начин всушност СДСМ удира самар на волјата на граѓаните и оние кои излегоа да гласаат токму на тој начин играјки си со демократијата и можностите кои таа ги нуди.

Ваквата топло ладно игра, според партиски извори, е да се купи време се до одржувањето на конгресот на СДСМ и обезбедувањето на претседателското столче на Заев на кормилото на СДСМ.
Токму ваквата одлука на преставниците на СДСМ во ДИК  може да се коментира како оставање простор за ретерирање на раководството на СДСМ во нивната одлука за враќање на мандатите што ќе биде своевиден преседан во услови на демократски спроведени избори.

Заев, клучната поддршка во зачувувањето  на неговото претседателско  место во СДСМ ја добива од Бранко Црвенковски,  кој впрочем е и креаторот на политиката на бојкот,  која СДСМ ја застапува. Ваквото сценарио на СДСМ во кое се вовлекуваат во влог и интересите на целата држава е игра во која освен раководството на СДСМ интерес има и нашиот јужен сосед кому стагнирањето и креирањето на проблеми најмногу  му одговара. За ова веќе пишуваа најтиражните грчки весници.