ДИК го усвои извештајот од теренските проверки

Со седум гласови „за“ и два гласови „против“, Државната изборна комисија на денешната седница го усвои извештајот за теренската проверка – од вкупно 87.352 недостасуваат 282 прашалници.

По усвојувањето на точката, пртседателот на ДИК, Александар Чичаковски донесе заклучоци анкетарите од подрачните единици да изготват извештаи зошто прашалниците недостасуваат, како и список со име и презиме на лицата чии прашалници недостасуваат.

Државната изборна комисија денеска ја одржа 27. седница, на која се дебатираше за две точки – извештајот за прогресот од вкрстените, теренските и административните проверки заради ажурирање на избирачкиот список и утврдување на начинот на постапување по прашањето теренските проверки.