петок, 23 декември 2016  |  Вести денес: 0

ДИК им одговори на Спасовски и опозициските невладини организации

Државната изборна комисија им одговори на невладините организации кои нивната работа ја оценија како нетранспарентна.

Седница на Државната изборна комисија

Поврзани вести

Државната изборна комисија им одговори на невладините организации кои нивната работа ја оценија како нетранспарентна.

Членовите на ДИК му одговорија и на техничкиот министер Оливер Спасовски кој со индивидуално писмо до секој член ги повикувал да ги избришат од избирачкиот список сите оние кои имаат само важечка патна исправа, а личната карта им со истечен рок.

Квалификациите на МОСТ И ЦИВИЛ за нетранспарентност поради ненавременото поставување на избирачкиот список на веб страницата, од ДИК со 7 гласа за и ниту еден против ги прогласија за шпекулативни.

Силвана Бонева која во ДИК го претставува ВМРО-ДПМНЕ изјави дека Спасовски намерно сакал да им подметне податоци со кои би се избришале над 130.000 граѓани кои имаат само важечка патна исправа.

Целта на Спасовски, според Бонева е на таков начин да се одолговлечат изборите но и да се подбуцне гнев кај оние кои ќе бидат избришани.

Со 6 гласа за и 1 против членовите на ДИК му одговорија на Спасовски дека тие постапувале согласно изборниот законик во кој е предвидено освен тие со важечка лична карта во избирачкиот список да бидат и оние со важна патна исправа.

Најчитани вести