ДИК: Иванов 373.914, Пендаровски 264.659 гласа

ДИК соопшти дека според првичните неофицијални податоци пристигнати до 23.30 часот, од 2964 избирачки места на кои се запишани 661.945 избирачи (53,22 отсто), претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“,Ѓорге Иванов доби 373.914 гласа, а Стево Пендаровски доби 264.659 гласа.