Македонија

ДИК ја прекина синоќешната седница – во списокот од Статистика недостасуваат 11 илјади гласачи

ДИК ја прекина синоќешната седница – во списокот од Статистика недостасуваат 11 илјади гласачи

Членовите на Државната Изборна Комисија на синоќешната доцнежна седница го вратија на доработка списокот испратен од Заводот за статистика кој треба да послужи како основа за избирачкиот список.

Во списокот на Заводот за статистика гласачите се распоредени по адреси, односно по избирачки места.

Во материјалот што статистика го доставија до ДИК недостасувале 11 илјади гласачи во однос на податоците добиени од МВР.

Уште поалармантно е било тоа што лицата ги немало, биле избршани, но немало ниту соодветно образложение кој ги избришал и зошто.

Заради ваквиот сомнителен акт побарано е списокот да се врати на доработка или да се достави образложение кои се лицата што се избришани и зошто тие се избришани.

Заради кратките рокови се очекува ДИК да ја продолжи седницата уште денеска. Според календарот, од утре треба да почне собирањето на потписи за самостојни кандидатури за градоначалник или советничка листа, а треба да биде ставен на увид и избирачкиот список.

Министерството за внатрешни работи до ДИК доставило нов список на граѓани кои наполниле 18 години, а во списокот има 1.827.473 лица. Тоа значи дека во новиот избирачки список треба да има приближно 5 илјади граѓани повеќе од претходниот.