ДИК ќе го стави на увид избирачкиот список

Државната изборна комисија (ДИК), денеска во подрачните единици на увид треба да го стави Избирачкиот список, согласно Роковникот за извршување на изборните дејствија за предвремените избори на 5-ти јуни.

ДИК, како што информираат од Комисијата, денеска треба да одржи седница на која се очекува да биде усвоен конечен извештај од вкрстените и административната анализа за ажурирање на Избирачкиот список. По ова, како што посочуваат од ДИК, Избирачкиот список треба да биде ставен на увид.

Увидот, според Роковникот, треба да заврши за 15 дена односно на 9-ти мај.

Денеска исто така ДИК преку МНР треба да ги достави посебните изводи од Избирачкиот список до дипломатско конзуларните претставништва на увид за лицата на привремена работа или престој во странство.

Во рок од пет дена од денот на завршувањето на јавниот увид, Избирачкиот список го доставува до политичките партии. Партиите во рок од пет дена односно до 19 мај до ДИК треба да достават барање за запишување, дополнување или бришење податоци од Избирачкиот списпок. По нивните барања ДИК треба да одлучи во рок од три дена од приемот на барањето.

Избирачкиот список треба да биде заклучен до 19 мај.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.