ДИК ќе расправа за известувањата од граѓаните за Избирачкиот список

Седница на Државната изборна комисија

Државната изборна комисија попладне ќе одржи седница на која ќе расправа за известувањата примени од граѓаните кои се однесуваат на сомнителни записи во електронскиот Избирачки список.

Известувањата, како што соопшти ДИК, се однесуваат за лице кое не е државјанин на Македонија, лице кое не поседува важечка лична карта или патна исправа, лице кое нема наполнето 18 години, лице кое е на привремена работа или престој во странство, лице кое има живеалиште на друга адреса, а претходно имало живеалиште на дадената адреса, лице кое е починато, лице кое не живее на одредената адреса, а нема податок дека има друго живеалиште…