ДИК ќе го утврдува редоследот на кандидатите на гласачкот ливче

Државната изборна комисија денеска преку ждрепка ќе го утврди редоследот на кандидатите за претседател на гласачкото ливче.

Ждрепката е закажана за 12 часот на јавна седница на ДИК. Минатата недела ДИК ги потврди претседателските кандидати така што на 13-ти април граѓаните ќе можат да бираат меѓу Ѓорге Иванов од ВМРО ДПМНЕ, Стево Пендаровски од СДСМ, Зоран Поповски од ГРОМ и Илијаз Халими од ДПА.