ДИК со конечна одлука дали Македонија е подготвена за избори, само СДСМ беше против

Независниот експерт кој членува во ДИК, Атанас Урумов, на почетокот од денешната седница предложи членовите на ДИК со гласање да одлучат дали постојат услови за избори. Вечерва ДИК ќе одлучува дали постојат услови за одржување на избори на 5ти јуни.

-Пред почетокот на седницата имавме состанок со амбасадорите Џес Бејли и Аиво Орав. Тие од нас побараа концизно да се произнесеме дали има услови за избори на 5ти јуни па предлагам да се произнесеме овде на јавна седница и пред нив и пред граѓаните, рече Урумов.

Неговиот предлог беше изгласан со 7 гласа за и 2 против, што значи точката е ставрна на дневен ред. Во текот на вечерта се очекува одлука. Без образложение, против тоа ДИК да се изјасни дали има услови за организирање на избори на 5ти јуни гласаа само претставниците на СДСМ во комисијата.