ДИК со конечна одлука: Исполнети сите услови за избори на 5. јуни

Државната изборна комисија со шест гласови „за“ и без присуство на опозицијата донесе одлука дека се исполнети соте услови за одржување на изборите на 5 јуни.

Претседателот на ДИК, Александар Чичаковски и членовите на СДСМ во знак на револт ја напуштија седницата.

Останатите едногласно изгласаа дека постојат услови за организирање на кредибилни избори на 5. јуни.

Одлуката доаѓа на барање на меѓународниот фактор ДИК да излезе со конечен став околу тоа дали се исполнети условите за избори.