ДИК: Материјалите обележани со логото на ДИК се единствени едукативни материјали

Државната изборна комисија  информира дека материјалите за едукација на гласачите кои се подготвени од други субјекти, а кои се емитуваат преку медиумите, не се одобрени од страна на Државната изборна комисија.

Од ДИК информираат дека материјалите за едукација на гласачите обележани со логото на Државната изборна комисија се единствени едукативни материјали.

Појаснујваат дека оваа обврска на Државната изборна комисија е во согласност со член 31, став 2, точка 15 од Изборниот законик со кој се регулира дека Државната изборна комисија ја информира и едуцира јавноста за начинот на гласање и за остварување на избирачкото право.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.