ДИК наскоро ќе почне со вкрстување на податоците

Според новиот датум на изборите, пречистувањето на Избирачкиот список треба да заврши на 17 април, а листа на гласачи треба да се заклучи околу 7 мај. Според она што беше кажано на вчерашната седница на ДИК може да се очекува дека во текот на следните денови конечно ќе почне вкрстувањето на податоците.

Информатичката експертска група ангажирана од ДИК во изминатите десет дена работела на прием на податоци од вкупно 11 институции заради нивна подготовка за проверка.

Раководителот на групата, Мајкл Бурнс посочи дека верификацијата на податоците е речиси завршена и посочи оти очекува многу брзо да почне првата фаза од вкстувањето на податоците, што е важно за конечното ажурирање на Избирачкиот список.

Најголем дел од работата на нормализација на податоци е завршена, но сега престои работа на валидација на податоците, за да можеме да го утврдиме квалитетот на изворните податоците од партнерските институции. Очекуваме валидацијата на податоците да биде завршена за ден – два.

Како што информира тој, ДИК располага со тројца аналитичари на податоци кои ќе работат на вкрстена проверка на податоците, а нивната работа ќе започне веднаш по собирањето на податоците.

 Очигледно е дека валидацијата на податоците е при својот крај, а со тоа може да се очекува и ефикасен процес на вкрстување на податоците, оцени Сашо Срцев.

Се надевам, така беше кажано, дека за ден два ќе започне вкрстена проверка, а тоа е битно за јавноста. Од експертите ни е кажано дека вкрстената анализа ќе трае седум до десет дена, рече Срцев.