ДИК: Обработени 50.77 проценти од гласовите, Иванов во водство

Од 50.77 процесирани избирачки места, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија Ѓорге Иванов води во однос на кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски.

Од обработените податоци од избирачките места според информациите кои ги објави ДИК за Ѓорге Иванов гласале 199.981 гласачи, додека за Стево Пендаровски гласот го дале 138.520 избирачи запишани во избирачкиот список.

Во проценти, за Иванов гласале 57.01 посто, додека за Пендаровски 39.49 отсто.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.