ДИК одлучи: Избирачкиот список оди на јавен увид

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната 59. седница го усвои Извештајот за состојбата на Избирачкиот список и донесе заклучок Избирачкиот список да се даде на јавен увид.

Согласно извештајот, според податоците на Државниот завод за статистика, право на јавен увид имаат 1.783.734 лица, колку што се регистрирани во Избирачкиот список. Покрај нив, јавен увид може да извршат и уште 29.858 лица чии записи се утврдени како спорни.

Според роковникот на ДИК, јавниот увид ќе трае до 11 ноември, а во тек е и постапката за собирање потписи за независните кандидатски листи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.