понеделник, 24 јули 2017  |  Вести денес: 18

ДИК одржа средба со Бејли и Орав: Базите на податоци се веќе вчитани во софтверот

Државната изборна комисија денес оствари средба со амбасадорот на САД во Република Македонија Џеф Бејли и шефот на делегацијата на ЕУ во Република Македонија Аиво Орав.

dik-orav-bejli

Поврзани вести

Државната изборна комисија денес оствари средба со амбасадорот на САД во Република Македонија Џеф Бејли и шефот на делегацијата на ЕУ во Република Македонија Аиво Орав.

Амбасадорите Бејли и Орав ја нагласија поддршката кон работата на Државната изборна комисија во нејзините заложби за организирање и спроведување на фер и демократски избори.

Како што информираат од ДИК, во текот на двочасовната средба двајцата амбасадори се интересираа за повеќе прашања кои се од доменот на надлежностите на ДИК. Меѓу нив, клучно место заземаа кадровската екипираност, финансирањето на активностите на ДИК, оперативните планови за спроведувањето на активности пред и по распишување на изборите,  напредокот во процесот на имплементација на двата Правилника за методологии за водење и ажурирање, како и вршење промени и бришење на податоци во Избирачкиот список.

Државната изборна комисија истакна дека, што се однесува до овој процес, сите 10 бази на податоци добиени од соодветните институции се веќе вчитани во серверот на ДИК. Во моментов, во тек е процесот на стандардизирање, нормализирање и валидизација на податоците од базите. Овој процес го вршат консултанти за ИТ, ангажирани од ДИК, а предложени од четирите најголеми политички партии. Нивната работа ја координира меѓународен експерт за ИТ ангажиран од ИФЕС.

По комплетирањето на споменатиот процес, ќе следува изготвувањето и усвојувањето на тестови за вршење на вкрстените проверки, по што ќе отпочнат и вкрстените проверки.

Државната изборна комисија истакна дека, од нејзиното формирање па до денес, посветено и одговорно работи на остварување на своите надлежности. Сите битни одлуки и акти во досегашното работење ДИК ги донесе со консензус, а на ист начин работи и одлучува и тимот на консултанти за ИТ. Во фокусот на ДИК секогаш е избирачкото право како уставно загарантирано човеково право и во ДИК постои согласност дека целиот процес мора да се заврши квалитетно, со цел зајакнување на довербата во изборите кај сите актери во процесот. Сите останати информации поврзани со работата на ДИК кои се појавуваат во јавноста се во доменот на шпекулации, велат од ДИК.

Најчитани вести