ДИК: Одзивот 9,58 отсто за парламентарните, а 8,93 за претседателските избори

Излезеноста на парламентарните избори во земјава до 10:45 часот е 9,58 отсто, според податоци добиени од 93 избирачки места, односно досега гласале 159.699 граѓани, соопшти ДИК на денешната прва конференција.

Според ДИК излезноста е најголема во Новаци, 20,9 отсто и Кратово, каде гласало 17, 23 отсто од гласачкото тело. Најмала излезност на парламентарните избори има во Дебар, 3,69 отсто и Тетово, 4,84 отсто.

Излезноста во вториот круг од претседателските избори до 10: 45 часот е 8,93 отсто, односно правото на глас го искорисиле 150.025 лица.

Излезноста за вториот круг од претседатлските избори е најмала во Боговиње, само 1 отсто од гласачкото тело и во Желино,  1,31 отсто.

На изборите во 2011 година излезеноста на гласачите до 10:30 часот била 14,3 отсто.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.