ДИК го поништи ветото, поддршка од Сојузот на пензионери

ДИК го поништи ветото, поддршка од Сојузот на пензионери. Државната изборна комисија за тргање на ветото од страна на ДИК кое го стави дополнителниот заменик министер за финансии на аукцијата на државни записи, чие неодржување ќе придонесеше за неликвидност и одлагање на исплатата не пензиите, беше подржана од Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија.

Претседателот на Сојузот на пензионери на РМ, Драги Аргировски, е задоволен што победиле фактите и аргументите и што пензионерите ќе можат повторно и овој месец на време да си ја добијат својата пензија која во овие 9 години редовно се исплаќа на почетокот од месецот.

Ова прашање засега еден милион граѓани, бидејќи секој пензионер помага во издржувањето на барем уште двајца членови од своето семејство, вели Аргировски.

ДИК го поништи ветото, поддршка од Сојузот на пензионери
ДИК го поништи ветото, поддршка од Сојузот на пензионери

Државната изборна комисија вчера објави дека ветото на дополнителниот заменик министер не е издржано и дека аукцијата била претходно планирана и изгласана во Буџетот за 2015 година.

Откако Државната изборна комисија одлучи да го тргне ветото, вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, најави дека пензиите ќе се исплатат во петок и дека ќе се продолжи со нивната редовна исплата и во иднина.

Пензионерите можат да бидат мирни и спокојни како и досега. Девет години, како што исплаќавме редовно пензии ќе продолжиме и понатаму, и сега овој петок пензионерите ќе си ја добијат заслужената пензија, истакна Ставрески.