ДИК: Поради недоволен број пријавени нема да се гласа во осум градови во дијаспората

дик

Државната изборна комисија информира дека во Токио, Њу Делхи, Атина, Астана, Каиро, Киев, Талин и Тел Авив иако во законски определениот рок се пријавиле за гласање во дипломатско-конзуларните претставништва и конзуларни канцеларии на Република Македонија нема да се организира гласање, бидејќи бројот на пријавени граѓани е помал од 10.

Од ДИК појаснуваат дека согласно Изборниот законик во овие дипломатско-конзуларни претставништва и конзуларни канцеларии нема да се спроведе гласање на предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија закажани за 11 декември 2016 година.

Граѓаните кои се пријавиле за гласање во овие дипломатско-конзуларни претставништва и конзуларни канцеларии, своето право на глас ќе можат да го реализираат на нивните избирачки места според адресните податоци во Република Македонија.