сабота, 29 јули 2017  |  Вести денес: 21

ДИК потврди: ВМРО-ДПМНЕ освои 51 мандат, СДСМ 49

ДИК на денешната официјална прес конференција ги објави првичните официјални резултати.

dik

Последни вести

Иако се чекаше 26 часа за ДИК да ги објави резултатите, истите покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ е победник на предвремените парламентарни избори и освои 51 мандат.

Во ИЕ 1 ВМРО-ДПМНЕ освои 8 мандати, СДСМ 10 мандати, БЕСА 1 и ДУИ 1 мандат.

Во ИЕ 2 ВМРО-ДПМНЕ освои 9 мандати, СДСМ 8 мандати, БЕСА 1 и ДУИ 2 мандати.

Во ИЕ 3 ВМРО-ДПМНЕ освои 11 мандати а СДСМ 9 мандати.

Во ИЕ 4 ВМРО-ДПМНЕ освои 10 мандати и СДСМ 10 мандати.

Во ИЕ 5 ВМРО-ДПМНЕ освои 9 мандати, СДСМ 9 мандати и ДУИ 1 и Алијанса на Албанците 1 мандат.

Во ИЕ 6 ВМРО-ДПМНЕ освои 4 мандати, СДСМ 3 мандати, БЕСА 3 мандати, Алијанса на Албанците 2, ДУИ 6 и ДПА 2 мандати.

dik-99

Се потврдија пресметките според Донтовиот метод со кој ВМРО-ДПМНЕ има освоено 51 пратеничко место, а ДУИ 10 мандати. Со тоа владејачката коалиција во Република Македонија, со новите мандати има мнозинство и во новиот состав.

СДСМ остана на 49 пратенички мандати, а во Парламентот влегоа и БЕСА со 5 пратеници, Алијанса за Албанците со 3 мандати и ДПА со двајца пратеници во новиот парламентарен состав.

Најчитани вести