Македонија

ДИК од утре ќе договара нов концепт за проверка на списокот

ДИК од утре ќе договара нов концепт за проверка на списокот
Работната група на ДИК на чело со Бедредин Ибраими утре во просториите на Комисијата ќе го одржи својот прв состанок откако изборите беа одложени.

Извори во Државната изборна комисија за Канал 5 потврдуваат дека со ова  се реактивира работата на оваа група чија главна тема ќе биде ново прочистување на избирачкиот список.

Во групата освен членови на ДИК има и партиски претставнци на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, но и претставници на меѓународната заедница, ЕУ, САД, ОБСЕ.

Во работната група се вклучени и сите институции одговорни за редовното ажурирање на избирачкито список, МВР, Управата за водење на матични книги, Државнит завод и други.

Сите задно, велат во ДИК ќе го договараат новиот концепт за проверка на списокот.