сабота, 26 ноември 2016  |  Вести денес: 16

ДИК: Радиодифузерите и печатените медиуми до 21 ноември да не објавуваат платено политичко рекламирање

За прекршителите на одредбите Државната изборна комисија ќе иницира поведување соодветни постапки согласно своите надлежности.

DIK

Поврзани вести

Изборната кампања за предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија закажани за 11 декември оваа година ќе започне на 21 ноември, соопшто вечерва Државната изборна комисија.

Од ДИК потсетуваат дека од денот на распишување на изборите па се до почеток на изборна кампања, радиодифузерите и печатените медиуми не смеат да емитуваат, односно да објавуваат платено политичко рекламирање.

– Од денот на распишување на изборите се до нивното завршување, радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет порталите) не смеат да емитуваат, односно да објавуваат реклами финансирани од Буџетот на Република Македонија, од буџетите на општините и на градот Скопје и на сите други лица на кои со закон им е доверено вршење јавни овластувања, се истакнува во соопштението на ДИК.

За прекршителите на овие одредби Државната изборна комисија ќе иницира поведување соодветни постапки согласно своите надлежности. Висината на глобите за ваквите прекршоци се определени во член 181 и 182 од Изборниот законик.

Најчитани вести