ДИК се преброја, нема промена во мандатите

разлика

И според најновите бројки објавени попладнево на интернет страницата на ДИК, ВМРО-ДПМНЕ останува во водство со најголем број освоени гласови и мандати. Според електронската регистрација, владејачката партија има освоено вкупно 454.519 гласа, додека за СДСМ својот глас го дале вкупно 436.823 македонски граѓани. За ВМРО-ДПМНЕ 51 мандат, за СДСМ 49 мандати. Конечната разлика помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ сега брои 17.696 гласови.

Последното ажурирање на податоците од апликацијата беше денеска во 14 часот и 10 минути, при што е назначено дека гласовите се избројани и процесирани во 100 отсто од избирачките места.

Распоредот на кандидатите и натаму останува ист. ВМРО-ДПМНЕ води со 51 освоен мандат, СДСМ имаат 49 освоени мандати, ДУИ е на трето место со 10 освоени мандати. На четврто место е БЕСА со пет мандати, по што следува „Алијансата за Албанците“ со три мандати и на крај е ДПА со два мандата.

Истите бројки беа потврдени и вчеравечер.