Македонија

До ДИК се пријавиле 5.526 граѓани со спорни записи

До ДИК се пријавиле 5.526 граѓани со спорни записи

До денеска напладне до Државната изборна комисија (ДИК) се пријавиле вкупно 5.526 граѓани чиишто записи во Избирачкиот список по извршените вкрстени и теренски проверки се спорни, односно има несовпаѓање на податоците во Избирачкиот список. Најмногу пријавени во Чаир – 748.

Од нив, 2.473 се пријавиле во подрачните одделенија и канцеларии и дополнителните канцеларии на ДИК, додека 3.053 за пријавување ја искористиле веб – апликацијата на интернет страницата на ДИК.

Според соопштението од ДИК, најмногу пријавени има во општините Чаир-748, Тетово-382, Куманово-379 и Сарај-371.

Рокот за пријавување на граѓаните кои се наоѓаат на списокот со спорни записи завршува во петок на 19 август. Дотогаш граѓаните кои сакаат да го регулираат избирачкото право можат да се обратат во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК или тоа да го направат преку апликацијата на веб страната на Комисијата. 

Регулирањето на избирачкото право граѓаните ќе можат да го направат и за време на јавниот увид во Избирачкиот список пред изборите што најверојатно ќе се одржат оваа година.