ДИК: ВМРО-ДПМНЕ освоија 345.724, а СДСМ 194.760 гласови

Според неофицијалните податоци на ДИК пристигнати до 23.30 часот  од резултати пристигнати од 2743 избирачки места, со вкупен број на избирачи запишани во тие избирачки места 797. 021 (62,52 отсто) ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ освоија 345.724 или 43,38 отсто од гласовите, СДСМ 194.760 или 24,44 отсто, ДПА 49 836 (6,25 отсто) и ДУИ 112 836 (14,16 отсто) од гласовите.

Изборниот процес во организациска смисла, ДИК го оцени како технички успешен.