ДИК закажа седница, референдумот и парите за репрезентација на дневен ред

Новиот состав на Државната изборна комисија денеска ќе ја одржи својата прва седница.

На дневниот ред се неколку точки, меѓу кои правилник за подготовка, организирање и спроведување на референдумот, ќе го разгледуваат роковникот, јавниот повик за вршење увид во избирачкиот список.

Членовите на ДИК ќе разгледуваат и предлози за да утврдат колкави ќе бидат нивните надоместоци за репрезентација, како и предлог за укинување на надоместокот за службените телефони.

Претседател на ДИК е Оливер Дерковски од ВМРО-ДПМНЕ, а Дитмире Шеху од ДУИ е потпретседател. Други членови се Елизабета Постоловска од ВМРО-ДПМНЕ, Јанакие Витановски, Борис Кондарко и Радица Ристеска од СДСМ, како и Енвер Салиу од Беса ќе бидат членови на ДИК

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.