ДиКаприо доживеа сообраќајна несреќа

Леонардо ДиКаприо и неговата нова девојка Нина Агдал вчера имаа сообраќајна несреќа.

Двојката позајмила автомобил од еден пријател и се возеле во Хемптон, кога се судриле со друго возило.

ДиКаприо веднаш истрчал да види дали има повредени.

Во сообраќајната несреќа нема повредени лица.

Се уште не е познато кој ја предизвикал несреќата.