Македонија

Диктатурата на опозицијата на дело

Диктатурата на опозицијата на дело

По огромниот дебакал и фијаско што денеска го доживеа Професорскиот пленум, опозициските портали се обидоа на секој можен начин да изманипулираат со јавноста и да ги исперат срамот на кој беше сведок целата јавност. На денешната дебата со Интеруниверзитетската конференција присуствуваа ректори од сите универзитети но не и професорите од „Професорскиот пленум“ иако претходно самите побараа средбата да биде презакажана во Собранието на Република Македонија.

Членовите на Пленумот најпрво не сакаа дебата за измените на законот за високо образование во хотелот „Александар Палас“ , а откако лично премиерот Никола Груевски им објасни дека е одбран како неутрално место и им предложи да дојдат во Собрание, ако им е таму подобро, тие пред камерите се согласија, за потоа да ретерираат од ставот и да не се појават на дебатата.

Сите ректори, професори и гости можеа од хотелот да отидат во Собранието, додека професорите од пленумот, чија желба се исполни, сепак не влегоа во Собранието на јавната дебата, бидејќи според нив дебата не е легитимна и не била закажана согласно законодавните процедури.

Со овој нивни чекор „пленумците“ јасно дадоа до знаење дека не сакаат решенија, не бараат дијалог и квалитет.

Во обидот да се изврти реалноста медиумите кои во изминатите месеци јавно ја покажаа поддршката за нив, кои воглавно важат за блиски до опозицијата продолжија со манипулации, обидувајќи се да ја прикријат вистината.

Овде се поставува прашањето дали е ова слободното новинарство за кое јавно се залагаат, ако се земе во предвид дека сите нивни медиуми оркестрирано и од еден центар контролирано се обидуваат да „перат“ мозок. Речиси во сите медиуми кои се блиски до опозицијата се пласираат полувистини и половични информации, дека „пленумците“ не прифатиле дебата, а јасно посочија дека сакаат да бидат дел од дебатата на местото кое самите го одбраа.

„Претходно, за време на излагањата на професорите од „Професорскиот пленум„ кои не сакаа да учествуваат на задоцнетите разговори меѓу Министерството за образование и Интеруниверзитетската конференција околу предлог-измените во Законот за високо образование кои веќе влегоа во собраниската процедура, пред хотелот „Александар Палас“ во Скопје, ненадејно  дошол премиерот Никола Груевски. По кус разговор со професорката Билјана Ванковска, која потенцирала дека „хотел е место за туризам а не за парламентаризам“, премиерот, тврдејќи дека Владата е отворена за дијалог, самиот ја дислоцирал дебатата за државниот испит во високото образование, но не во Владата, туку во парламентот“, пишува Гласот на Америка.

Дека овие информации се неточни и невистинити добро покажува и видео материјалот што денеска беше објавен во повеќе медиуми, а на кои добро се гледа дека „Професорскиот пленум“ јавно ја прифати поканата.

По се изгледа ова ќе биде само една епизода која „професорскиот пленум“ ќе се обиде да ја прикрие и да се заборави.

Дека тоа е така покажуваат и дел од коментарите на новинарите кои во изминатиот период беа класични полтрони на политиката на опозицијата и главни поддржувачи на протестите.

Уредникот на весникот Слободен печат и основач на порталот Плусинфо, Бранко Героски на својот Фејсбук профил го објави видетото во кое претставничката на Професорскиот пленум Билјана Ванковска, која даваше изјава пред хотелот Александар Палас, се согласи да учествува во дебатата која премиерот Никола Груевски по нејзино брање ја префрли во Собранието на Република Македонија.

gerovski_komentar

После Бранко Героски, уште еден истурен играч на опозицијата распали по “пленумците“, чие фијаско денеска ги разобличи нивните намери. Саше Ивановски-Политико пишува дека денешните случувања се “голема победа на Груевски, кој со два-три потези за неколку часа ги сотре студентите и професорите, а овие тотално се лизнаа на кора од банана“.

maktel

-Не ми се верува што се случи денеска! Грујо во негов познат стил кој е негов заштитен знак, влета лично на пресот на професорите како нинџа и пред цела јавност понизно ги замоли да дојдат на дебата и овие тотално се збркаа и УЦВИКАА?! Он почна да ги моли, дури прифати да дебатираат и во собрание и овие прво прифатија ПА СЕ ПРЕДОМИСЛИЈА?!?! У је*оте, каков автогол, ова беше тотално неочекувано!, напиша Ивановски.

Тој додава дека „ова е по кој знае кој пат, уште една голема победа на Груевски! Ова е реприза на познатиот дуел на Грујо со Борјан и Чадиковски пред влада коа се затвораше А1“.