МВР улови дилери на марихуана и хероин

Кривична за дилер од Струмица
Кривична за дилер од Струмица

Единицата за недозволена трговија во јуни годинава презема интензивни мерки и активности што резултираше со реализација на 12  кривични дела од областа на недозволена трговија со дрога и три кривични дела од областа на недозволена трговија со оружје.

При реализацијата на кривичните дела се запленети 34 таблети екстази, 32 таблети ЛСД, 16,89 грама амфетамин, 9,4 грама хероин, 25 расади марихуана, 18,38 грама марихуана, 4,3 грама кокаин, една автоматска пушка „АК-47“ со 29 куршуми калибар 7,62х39 мм, еден пиштол „Црвена Застава“ калибар 7,65 и 92 парчиња пиштолска муниција калибар 9 мм.

Во врска со овие кривични дела пријавени се 12  лица од Скопје и по едно лице од Неготино и Штип, при што сите се машки лица на возраст од 26-46 години, од кои десет досега се кривично пријавувани за имотни деликти, додека пријавениот кај кого е пронајдена автоматска пушка е кривично пријавуван за деликти проследени  со насилство. Исто така, четворица од пријавените се улични дилери, двајца на синтетички дроги и марихуана, а двајца на хероин и истите претходно се кривично пријавувани за недозволена трговија со дрога.

Пријавените улични дилери на синтетички дроги и марихуана, по претходен телефонски договор со уживатели, дрогата најчесто ја продавале на локации во централното градско подрачје, додека уличните дилери на хероин, препакуваниот хероин во паковки во поединечна нето маса од 0,1 до 0,18 грама, во зависност од грамажата, најчесто ја продавале на зависници од Скопје, но и од други градови, за цена од 300 до 600 денари.

Недозволената трговија со дрога во казнено поправните установи е проблем по кој Единицата во соработка со КПУ континуирано постапува, при што се запленети 10 зипер кесички со вкупно 2,75 грама хероин, за што се пријавени  двајца осуденици, кои се на издржување казна затвор во затворот „Идризово“.

На четворица пријавени им е изречена мерка притвор во траење од  по 30 денови.

Лицето А.Ш.(46) од Скопје набавил поголема количина хероин, кој го препакувал и го продавал на повеќе локации во Скопје.

Полицијата извршила претрес во неговиот дом, при што се пронајдени и одземени две полиетиленски паковки со хероин (вкупно 4,54 грама) наменети за улична продажба,  како и дигитална вага и тренерки на кои се детектирани траги од хероин.

Во вториот полицијата во градскиот парк, легитимирале и извршиле личен преглед на едно лице, за кое постоеле сомнежи дека купува хероин од Б.М.(46) од Скопје и кај истиот  се пронајдени 0,45 грама хероин, спакуван во една полиетиленска паковка, а пријавениот е забележан и легитимиран во непосредна близина на Градски парк и при извршен личен преглед, пронајдени му се осум полиетиленски паковки со хероин. Б.М. е лишен од слобода, а со со наредба од Судија на претходна постапка, од страна на полициски службеници од Единицата, извршен е претрес во неговиот дом, при што се пронајдени и одземени вкупно 3,39 грама хероин спакуван во 23 полиетиленски паковки.

Во третиот случај полицајци, при извршување на редовни работи и работни задачи, забележале сомнително движење и однесување пред спортска обложувалница на лице Б.К.(26) од Штип и при извршено легитимирање и преглед му биле пронајдени пет полиетиленски паковки марихуана и 32 хартиени маркици ЛСД. По апсењето тој не дал појаснување од каде и по која цена ја набавил дрогата која била пронајдена кај него.

Во четвртиот случај Единицата за недозволена трговија со дрога, по добиено сознание, превзеде оперативно тактички мерки и активности за обезбедување на материјални докази за лицето А.К.(35) од Скопје, кој во текот на 2015 година неовластено заради понатамошна продажба насадил и одгледувал наркотична дрога марихуана како и неовластено набавил и држел кај себе наркотична дрога марихуана. Пријавениoт на падините на Водно откако предходно извршил припрема на теренот, односно исекол повеќе дрва и го оградил местото со исечените гранки, засадил повеќе семки од марихуана, по што редовно ги полевал со пластични шишиња кои самиот ги носел и поставил повеќе шишиња покрај самите стебла за наводнување на истите.  По потврдување на сознанието, полициски службеници од Единицата вршеле опсервација  на горенаведеното место, каде го затекнале А.К. како ги полева 25-те расади марихуана. Истиот е лишен од слобода  и со наредба од Судија на претходна постапка е извршн претрес  во неговиот  дом, каде е пронајдено наркотична дрога марихуана со нето маса од 9.72 грама, спакувана во една полиетиленска кеса.