петок, 25 ноември 2016  |  Вести денес: 63

Спасов со кривична пријава до насилниците кои го нападнале

Групата која го следела и нападнала министерот се од скопска Серава, Албанци со дебело полициско досие.

dimespasov-1

Последни вести

Дознаваме дека заменик министерот Диме Спасов поднел кривична пријава до насилниците кои вчеравечер го нападнале и бркале возилото во кое се превезувал Спасов.

Групата која го следела и нападнала министерот се од скопска Серава, Албанци со дебело полициско досие.

Даут Динарица кој во полициското досие има дури 39 тешки кражби, тешки кривични престапи и прекршувања на законот, тој е и осуден насилник и тоа токму поради тепачка користејќи и оружје.

Во возилото бил и Омер Аџами зад кој исто така има криминални дела на тешки кражби и помагање во други кривични дела. Во таквата насилна брктоница која ја организирала криминалната група помагал и Етем Абаз кој исто така има дебело полициско досие загрозување на јавен ред и мир, осуден за физички напади и тепачка.

Во целиот случај МВР под раководство на Спасовски има направено сериозни пропусти и овој случај беше злоупотребен од страна на СДСМ, водејќи валкана и приземна политичка кампања против Спасов.

Фактите говорат дека наспорти тврдењата на медиумите на СДСМ направена е незначителна материјална штета, доказ е фотографијата од автомобилот и Спасов не бил во алкохолизирана состојба и не е направена никаква евиденција ниту пак побаран е исказ за насилното однесување на криминалната група.

 

Најчитани вести