Диме Спасов меѓу граѓаните во Аеродром

Кандидатот за пратеник од листата на кандидати за пратеници од Изборна Единица 1 од ВМРО-ДПМНЕ Диме Спасов, денеска оствари средби со граѓани на градскиот пазар во населба Аеродром.

Тој имаше можност директно да ги слушне мислењата на граѓаните за програмата на претстојните парламентарни избори, како и да одговори на бројните прашања од областа на социјалната заштита, предвидените политики за вработување и самовработување.

Средбите со граѓани, Спасов ќе ги остварува секојдневно и интензивно се со цел да се презентираат приоритетите на ВМРО-ДПМНЕ, но и да ги чуе размислувањата и идеите на граѓаните од првата изборна единица.