Димевски ја загуби трката за претседател на ФИБА Европа

Кандидатурата на првиот човек на Македонската кошаркарска федерација (МКФ) Даниел Димевски за претседател на ФИБА-Европа не доби поддршка од делегатите на Генералното собрание во Минхен, кои со огромно мнозинство се определија за Тургај Демирел.

Турчинот доби 40 гласа за првата фотелја во европската „куќа на кошарката“, која ја сочинуваат 51 земја-членка, и ќе ја води ФИБА-Европа во наредните четири години. Тој беше кандидат и на претходните избори за највисоката функција во европската кошарка, но тогаш беше поразен од Исланѓанецот Олафур Рафнсон, кој почина во јуни минатата година
Кал Талер од Австрија е нов благајник, а Македонија нема претставник ниту во новиот Борд на ФИБА-Европа составен од 23 члена.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.