Димитар Грабул го освои МТП Опен 2014

МТП Опен, го доживеа својот крај, викеднов беа одиграни полуфиналните и финалните мечеви во сингл и двојки.
Очекувањата се исполнија, во финалето во сингл ги видовме Грабул и Јотовски каде Грабул убедливо водеше во двата сета. Мечот заврши со резултат 6-1; 6-4 за Грабул, со чија победа го освои МТП Опен 2014.

Одиграв добар меч. Мораше да се потрудам, за да го победам најдобриот македонски тенисер. – изјави Грабул веднаш по мечот

Добро е што бев дел од финалето. Проблем за мене беше што имам повреда, која ме спречи да прикажам подобра игра. – изјави Јотовски

Ова е сè уште единствениот професионален турнир во тенис кај нас. Жално е што не се посветува внимание на еден ваков елегантен и борбен спорт. Се потрудивме максимално, да покажеме дека соништата може да станат реалност, од еден мал и надежен клуб, да стигнеме до организација на МТП Опен 2014. – изјави Круно Деспотовски Директор на МТП Опен 2014.

Она што можеше да се заокружи како финален натпревар во двојки во машка категорија беше натпреварот помеѓу: Мицов/Србљак и Јотовски/Деари кој заврши со резултат 6-3; 6-4.
Турнирот заврши со доделување на титулите и паричните награди обезбедени од страна на ТК МТП, како и спонзорите: Т-Mobilе, заедно со: Виталија, Менада, Данлоп Спорт и Декра го обезбедија наградниот фонд од 5000 евра.