Димитар и Јована со квик степ ја разиграа публиката

Викендов на Македонската Радио Телевизија ги погледнавме двете најнови епизоди од најпопуларното домашно шоу „Танц со ѕвездите 2“, а посебно внимание ни задржа танцот квик степ на Димитар и Јована кој буквално ги разигра присутните во студиото.

Димитар Атанасовски и Јована Василева танцуваа квик степ, а нивниот танц ги разигра присутните во студиото. Кореографијата надополнета со неколку елементи, даде дополнителен ефект на перформансот кој никого не остави рамнодушен.

Во 17-тата епизода, седма елиминациона по ред, своето натпреварување во шоуто со танго го заокружија Владимир Крстевски – Франц и Наде Миленкова.

Доколку сакате да ги видите Димитар и Јована во финале, гласајте со праќање порака со текст 01 на бројот 147 99.

Средствата добиени од СМС гласањето одат во хуманитарни цели.