Димитар Ковачевски е назначен за нов Извршен Директор во oне.Вип

Вип го објавува назначувањето на Димитар Ковачевски како нов Извршен Директор. Обврските на новата функција ќе ги превеземе кон крајот на декември 2016 и ќе го наследи Никола Љушев кој од функцијата Извршен Директор се повлекува од лични причини и одлучи да прифати нови предизвици надвор од оне.Вип и Кластерот.

Никола Љушев беше предводник на крупните структурни промени кои настанаа во телекомуникацискиот бизнис во Република Македонија и одговорен за процесот на спојување и интеграција на трите компании. Тој беше дел од Телеком Австрија Групацијата од 2007 година како Главен Извршен Директор на ново лансираниот Вип.оператор, позиционирајќи ја компанијата како еден од најуспешните и најбрзорастечки мобилни оператори во Македонија. За огромното искуство на Никола во телеком индустријата кое го стекна уште во Македонски Телеком и Космофон, му беше оддадено признание два пати од страна на престижниот меѓународен магазин Глобален Телеком Бизнис во 2010 и 2011 година како еден од 40-те врвни и најуспешни светски менаџери под 40 години.

Оне.Вип ја искажува огромната благодарност до Никола за неговата работа во компанијата и му посакува многу успех во неговата идна кариера.

Никола ќе биде наследен од Димитар Ковачевски кој има успешна кариера од 18 години во различни области од телекомуникациската индустрија. Тој ја започна неговата кариера во Македонски Телеком каде што го продолжува својот развој на менаџерски позиции вклучувајќи ја позицијата Директор на Секторот за комерцијални корисници, одговорен за малопродажната мрежа и на проактивните продажни канали, Директор на Центарот за Маркетинг Комуникации и Односи со Јавност, Директор на Центарот за Маркетинг и Продажен Менаџмент, во исто време како дел од многу стратегиски корпоративни проекти. Неговата професионална кариера вклучува членство во интернационални бренд и комуникациски комитети и управни одбори.

Ковачевски е дипломиран економист во полето на корпоративниот менаџмент, информациски системи и бизнис процес интеграција. Исто така ја има завршено Извршната Образовна Програма во полето на маркетингот на Универзитетот Харвард. Бил дел од академски и извршни програми на Минхенскиот Технички Универзитет и на Холандскиот Еразмус Универзитет на полето на претприемништвото и стратешко менаџирање.

Тој има титула Доцент на Универзитетот Американ Колеџ во Скопје во полето на маркетингот и организациски науки каде што предава Стратешки Бренд Менаџмент на МБА студиите.

Oне.Вип му посакува на Димитар добредојде како нов Извршен Директор. Сигурни сме дека со своето големо искуство во телекомуникациската бизнис индустрија ќе ја направи компанијата уште посилен играч на пазарот.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.