петок, 25 ноември 2016  |  Вести денес: 0

Димитриев-Бершински: Приоритет е организацијата на фер и демократски избори

Соговорниците ги поздравија билатералните односи помеѓу Република Македонија и Соединетите Американски Држави, кои се карактеризираат со пријателство и со соработка во сите полиња од взаемен интерес.

Димитриев-Бершински: Приоритет е организацијата на фер и демократски избори

Димитриев-Бершински: Приоритет е организацијата на фер и демократски избори

Последни вести

Претседателот на Владата на Република Македонија за спроведување на изборите, Емил Димитриев, денес  оствари средба со Роберт Бершински, заменик помошник секретар на Бирото за демократија, човекови права и труд на Стејт Департментот.

Соговорниците ги поздравија билатералните односи помеѓу Република Македонија и Соединетите Американски Држави, кои се карактеризираат со пријателство и со соработка во сите полиња од взаемен интерес.

Беше изразена посветеноста за унапредување на соработката и на политичко и на економско ниво.

Двете страни ја истакнаа значајноста и приоритетот на организацијата на фер, кредибилни и демократски избори. Беше истакната нужноста за посветеност на сите политички партии во унапредување на довербата во изборниот процес.

Sredba, PVRMSI Dimitriev-Bershinski_3

Претседателот на Владата за спроведување на изборите Димитриев ја истакна определбата на Владата за реализација на барањата на Државната изборна комисија за организација на изборите на 24 април 2016 година за што постои соодветна комуникација и координација. Во однос на медиумските слободи истакна дека за Владата постоечкиот закон кој ја регулира оваа материја а беше изработен во соработка со Европската Комисија е добар, но доколку партиите се договорат дека е потребна промена на законот за Владата е прифатлив било кој закон кој ја регулира оваа сфера од било која од земјите членки на Европската Унија.

Sredba, PVRMSI Dimitriev-Bershinski_5

Двете страни ја потенцираа значајноста од дејствување во насока на превенирање и оневозможување на било какви притисоци во врска со изборите кон вработените во државната и јавна администрација и нивното гласање.

Соговорниците ја истакнаа посветеноста на двете земји во понатамошно унапредување на меѓусебната соработка.

Најчитани вести