четврток, 1 декември 2016  |  Вести денес: 0

Димитриев: Да празнуваме и да се радуваме на денот кога Бог не приближи кон себе и ни дари нов живот

Денес сите македонски води се богојавленски води, да празнуваме и да се радуваме на денот кога Бог не приближи кон себе и ни дари нов живот. Претседателот на Владата на Република Македонија за спроведување на парламентарните избори Емил Димитриев испрати честитка до граѓаните по повод денешниот празник.

vodici-skopje-5

Поврзани вести

Денес сите македонски води се богојавленски води, да празнуваме и да се радуваме на денот кога Бог не приближи кон себе и ни дари нов живот. Претседателот на Владата на Република Македонија за спроведување на парламентарните избори Емил Димитриев испрати честитка до граѓаните по повод денешниот празник.

Интегрален текст од честитката на Димитриев:

Дозволете ми во мое лично име и во име на Владата на Република Македонија за спроведување на изборите, Вам лично, на Вашето свештенство и монаштво, како и на сите православни верници во Република Македонија, да Ви го честитам големиот христијански празник – Водици.

На овој прекрасен ден, секоја година одново и одново се потсетуваме на големата љубов на нашиот Бог-Создател, на неговата милост да ни ги открие најдлабоките тајни поврзани со облагородување на душата и прочистување на срцето. За оваа цел, Бог се јави и го испрати нашиот спасител Исус да се покрсти и да ни го покаже патот на благочестивоста и на искрената заедница со нашиот Бог.

Денес сите македонски води се богојавленски води, да празнуваме и да се радуваме на денот кога Бог не приближи кон себе и ни дари нов живот. Да си посакаме Божја благодет, мудрост, сила и поткрепа да правиме добри дела, да гледаме напред, да се сакаме и почитуваме, да и помогнеме на нашата земја да ги надмине сите препреки пред кои е исправена и да продолжи да чекори напред, силно и достоинствено, решително и одлучно, во интерес на подобриот живот на сите граѓани на Република Македонија.

Нека ни е честит и вековит, големиот христијански празник !

БОГ СЕ ЈАВИ !

НАВИСТИНА СЕ ЈАВИ“.

Најчитани вести