Димитриев: Формирањето десет пратенички групи е деловнички оправдано, тоа е можност да се отвори поголем простор за дискусија во Собранието

Формирањето на 10 пратенички групи од нашата партија го гледаме како една можност која што деловнички е оправдана, да се отвори поголем простор за дискусија во Парламентот бидејќи Деловникот го дозволува тоа, истакна пратеникот Емил Димитриев.

„Сметаме дека опозицијата треба да има доволно простор да ги претстави своите политики, а гледано како започна функционирањето на овој Парламент со нелигитимниот избор на претседател на Собранието, на еден начин се прекратија дискусиите на пратениците од опозицијата, сметавме дека треба да го искористиме Деловникот, да се организираме на таков начин за да можеме да имаме поголем простор за наши предлози, дискусии, водејќи сметка тоа да не доведе до блокада на Собранието, туку напротив да даде адекватен простор за сето она што е наша идеја да биде предмет на дискусија во Собранието“.  рече Димитриев за Макфакс.

Во интервјуто, тој потенцира дека ВМРО-ДПМНЕ има квалитетен кадровски потенцијал кој треба да биде искористен и додава дека дава поддршка на лидерот Никола Груевски за иницијативата за освежување на партијата.

Според Димитриев, прашања кои се од суштинско значење за иднината на Македонија неопходно е да отвораат во транспарентен процес преку вклучување не само на политичките партии, туку и на невладиниот сектор и граѓаните.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.