Димитриев и Ѓорчев на Регионален парламентарен дијалог за миграции

Димитриев испрати сочувство до белгискиот премиер

Претседателот на Комисијата за одбрана и безбедност Емил Димитриев и членот на Комисијата за одбрана и безбедност Влатко Ѓорчев денес учествуваат на Регионален Парламентарен дијалог на тема ,,Управување со миграциите, заштита на бегалците и борба против организиран криминал” кој се одржува во Белград, Република Србија на 26 и 27 Ноември.

Претседателот на Комисијата за Одбрана и Безбедност Емил Димитриев потенцира дека бегалците слободно доаѓаат до границата на Република Македонија и дека прво нивно регистрирање се врши во нашата земја, а со тоа ние сме првата земја кон која е насочен притисокот од оваа криза. Тој повика на конкретна реакција на меѓународната заедница, особено ако се земат предвид прогнозите колку ќе трае оваа криза и потенциалниот број на мигранти кој се очекува да истранзитира низ овие земји.