Димитриев и Груевски на конгрес и самит на ЕПП во Малта

Во состав на делегацијата од ВМРО-ДПМНЕ се и членовите на партискиот Извршен комитет Никола Попоски и Влатко Ѓорчев, и секретарот за меѓународна соработка Александар Николоски.

Во делот за шефови на влади и држави на Самитот на ЕПП е предвидено обраќање на премиерот Димитриев  кој се очекува да се осврне на приоритетите на интегрирање на Македонија во Европската Унија, придонесот во постигнување стабилност и предизвиците на државите во постигнување на таа цел, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

На конгресот на ЕПП во Малта ќе присуствуваат над 2.000 илјади учесници, вклучително и 760 делегати кои се партиски функционери на партиите членки на Европската народна партија, високи дипломатски гости, 12 шефови на влади и држави од и надвор од Европската Унија. Европската народна партија, наведува во соопштението ВМРО-ДПМНЕ, е доминантна и најголема политичка партија во Европската Унија.

Во Малта се очекува да присуствуваат германската канцеларка Ангела Меркел, премиерот на Шпанија Марио Рахој, премиерката на Норвешка Ерна Солберг, ирскиот премиер Енда Кени, унгарскиот премиер Виктор Орбан, претседателот на ЕПП Жозеф Дол, како и претседателот на ЕК Жан Клод Јункер и претседателот на ЕУ, Доналд Туск.

На конгресот  меѓу другото ќе се разговара и за брегзитот,  даночната евазија во Европа, источното партнерство и процесот на интеграција.