петок, 28 јули 2017  |  Вести денес: 29

Димитриев: Индустриските зони носат бенефит, размислуваме за отворање нови

Во Република Македонија досега функционираат пет индустриски зони, ТИРЗ 1 и 2 во Скопје, во Кичево Прилеп и во Штип. Во завршна фаза сме на формирање на зоните во Струга, Охрид и Струмица, а размислуваме за отворање нови зони во Куманово, Липково и Маврово-Ростуше. Ова денеска го истакна премиерот Емил Димитриев на 109. седница на Собранието на Република Македонија на која се поставуваат пратенички прашања.

sobranie-dimitriev

Поврзани вести

Одговарајќи му на пратеникот Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ, Димитриев потенцира дека ефектите од зоните во делот на вработувањето и во делот раст на извозот се многукратни. Ние, како што рече, сме охрабрени дека  треба да се продолжи во тој правец, да се стимулира отворање зони, нови инвестиции во тие зони бидејќи ефектите во делот на економското функционирање се одлични.

Досега од 2014 до 2016 година како Влада имаме инвестирано околу 18,3 милиони евра. Тие инвестиции се во делот на комплетна  инфраструктура која ја градиме во овие зони бидејќи тие се градат по сите светски стандарди и норми за квалитетно функционирање, што дополнително влијае на привлекување инвеститори да дојдат и да градат свои стопански субјекти.  Досега во овие зони кои се во функција, свои фабрики и производни капацитети отвориле 24 компании, од кои 15 се целосно активни, а останатите се во подготовка на старт на производство и на вработување нови лица, рече Димитриев.

Компаниите  лоцирани во овие индустриски зони, како што рече, имаат бенефит на локалниот економски развој, влијаат на намалување на невработеноста и на извозот.

Во 2014 година извозот од зоните изнесува 1,17 милијарди евра, што значи 31 процент од вкупниот износ во државата. Последните податоци за оваа година говорат дека тој процент се зголемува и извозот за 2015 изнесува 36 отсто. Во првите шест месеци од 2016 година извозот од овие зони изнесува околу 850 милиони евра или околу 21 процент зголемување со истиот период од лани, кога извозот изнесувал 700 милиони евра од зоните, рече Димитриев.

Тој информираше дека до крајот на јуни 2016 година во Технолошко-индустриските развојни зони вработени се 6.500 лица, а до крајот на годината се очекува бројот да се зголеми и да достигне до 7.500. Според него, доколку функционираат сите компании во зоните има потенцијал бројот на вработените да достигне до 16.500 лица.

Димитриев нагласи дека влегувањето на странските компании во индустриските зони многукратно влијаело и на македонските компании кои, како што рече, во најголем дел се јавуваат како добавувачи.

За овие 24 странски компании кои се подготвуваат или работат во индустриските зони, работат околу 500 домашни компании по разни основи, што значи голем ефект и на ангажирање домашни компании, рече Димитриев. Најави дека и во иднина ќе продолжат со оваа политика.

Тој изрази жалење што политичката криза, која две години трае во Македонија, имаше негативни ефекти во делот на функционирање на зоните и во делот на привлекување странски инвестиции.  Димитриев, како што рече, е оптимист дека по одржување на изборите и по надминување на оваа криза повторно ќе се вратиме на старото темпо на привлекување странски инвестиции и отворање нови погони.

Одговарајќи на дополнителното прашање од пратеникот Данев Димитриев појасни дека Владата цело време и континуирано води разговори со потенцијалните инвеститори во Македонија.

Тој додаде дека во овие зони свои капацитети можат да градат и македонските компании.

Најчитани вести