ТОП,Македонија

Димитриев-Керн: политичката криза да се заврши со збори

Димитриев-Керн: политичката криза да се заврши со збори
Според информациите од овие средби, покрај главната тема миграцијата, која беше и целта на вчерашниот Самит во Виена, а за што соговорниците на македонскиот премиер му го пренеле задоволството од тоа како Република Македонија досега се справува со бегалската криза, исто така е разговарано и за унапредување на и онака добрите односи што македонската држава ги има со Австрија, Унгарија, Словенија и Хрватска.
Токму од овие четири земји-членки на Европската унија, Македонија доби најголема поддршка во справувањето со бегалската криза, а истите стандардно даваат поддршка и инсистираат на брза интеграција на Република Македонија во Европската унија.
– Од сите колеги од земјите-членки на Европската унија со кои се сретнав беше искажана недвосмислена поддршка за македонско членство во ЕУ. Исто така, тие ни даваат поддршка и во справувањето со мигрантите и очекуваат дека политичката криза во Македонија ќе заврши со одржување на изборите во декември. Според нив, во ситуација на мигрантска криза, Македонија со една стабилна Влада ќе може поквалитетно да се справи со предизвиците и ќе биде покредибилен партнер на Европската унија, бидејќи со многу посилен фокус и енергија земјата ќе може да се концентрира на оваа проблематика, изјави премеирот Димитриев по средбите во Виена.
Инаку, на вчерашниот Самит за бегалската криза во Виена, на кој беа присутни десет шефови на држави и Влади на земји долж западно-балканската мигрантска рута, меѓу другите присуствуваше и германската канцеларка Ангела Меркел, при што е договорено да остане целосно затворена рутата на која централна земја е Република Македонија, како и дека македонската држава е дел од конечното решение на оваа криза со која веќе две години се соочува европскиот континент.