четврток, 24 ноември 2016  |  Вести денес: 63

Димитриев: Кина има интерес да инвестира во нашите региони

Можностите да соработуваме се огромни и нам ни е драго што НР Кина има интерес да инвестира во овие региони, вели премиерот Емил Димитриев

dimitriev-1-640x294

Поврзани вести

Петтиот состанок на 16 централно-источни европски земји со Народна Република Кина во Рига, Летонија е важен настан за сите земји што се тука присутни. Македонија ќе го пренесе искуството од соработката во овој формат, бидејќи ние веќе користиме средства од Фондот на Кина со кои финансираме автопатна инфраструктура, порача претседателот на Владата на Република Македонија за спроведување на изборите Емил Димитриев пред отворањето на самитот во Рига.

Како што пренесе МИА од Рига, премиерот Димитриев посочи дека „на овој Самит ќе се отворат и други прашања што би биле предмет на идна соработка“.

„Јас очекувам дека и останатите земји ќе имаат активно учество со конкретни предлози со цел самиот формат да ја реализира својата цел за која е и наменет. Тоа го кажав и на вчерашната средба со кинескиот премиер Кечијанг Ли, дека можностите да соработуваме се огромни и нам ни е драго што НР Кина има интерес да инвестира во овие региони“, истакна Димитриев во изјава за МИА пред самиот почеток на вечерашниот Самит.

Во однос на билатералните средби што Димитриев утринава во Рига ги имаше со премиерите на Бугарија и на Чешка, Бојко Борисов и Бохуслав Соботка, македонскиот премиер со изјава дека тие минале во позитивна атмсофера.

„Со премиерот на Бугарија, разговаравме, пред се, за теми од економската сфера, односно како да ја подобриме трговската размена меѓу двете земји и како да направиме поквалитетна патна и железничка инфраструктура со која се поврзуваат двете земји. Можам да констатирам дека по многу прашања имавме конкретни разговори и пристапот на двете страни, навистина беше целисходен и јас очекувам дека во иднина ќе бидат затворени сите отворени прашања што се меѓу нашите две земји, со цел подобра билатерална и регионална соработка меѓу нашите две земји“, посочи Димитриев.

За средбата со чешкиот премиер Соботка, пак, според претседателот на Владата на Македонија, еден од главните акценти бил ставен на македонската улога во справување со мигрантската криза, за која од чешка страна била искажана голема благодарност.

„Искажана е и поддршката на Чешката Република на Македонија во делот на интеграциите на нашата змеја во ЕУ и НАТО. Ние кажавме дека очекуваме по завршувањето на изборите кај нас и формирањето на политичката Влада, дека ќе се вратиме на реалните приоритети на Република Македонија, а тоа се меѓународните интгерации, развојот на економијата, инфраструктурата итн. На Македонија се гледа како на земја што може да биде кредибилен партнер на Европската унија и во тој контекст беа разменети мислења и искуства за тоа како да се помогне во делот и на евроинтеграциите и во делот на економијата, прпивлекување на странски инвестиции итн“, додаде Димитриев.

На маргините на денешниот Самит во Рига, вицепремиерот и министер за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, потпиша договор за визна либерализација со НР Кина за лицата што поседуваат службен и дипломатски пасош од двете земји.

Најчитани вести