Димитриев: Логично е победник со победник да ја составуваат новата влада

димитриев

Одговарајќи на новинарски прашања по посетата на новоотворената градинка во општина Аеродром, премиерот Димитриев рече дека е логично победник со победник да ја составуваат новата влада.

Димитриев очекува дека ќе се надмине кризата и оти по формирањето на новата влада ќе почне реализацијата на проектите коишто се од интерес за граѓаните.

Како и сите граѓани, очекувам да ја надминеме кризата. На никого не му е во прилог тензична состојба во која институциите се во грч, а граѓаните во неизвесност. Очекувам сето тоа да се релаксира со формирањето на новата влада бидејќи постојат многу потреби коишто треба да бидат реализирани за граѓаните, а кои се дел од програмата со која победивме, истакна претседателот на Владата Емил Димитриев.